Студентскиот пленум целосно застанува зад барањата на средношколците и со песна го повика да ги слушне 20.000 средношколци кои се противат на неговите идеи и реформи во образованието.
-Кога министерот е глув за протестите и маршевите под неговиот прозор, за бојкотот на 20 000 средношколци исто како што беше за студентските протести и автономната зона, со песна го повикуваме и потсетуваме да ги ислуша средношколците и нивните аргументи, повикаа од Студентскиот пленум.
Средношколците не отстапуваат од бојкотот, а освен од родителите ја имаат поддршката и од јавноста. Во текот на оваа недела се очекува да се организира голем марш низ улиците на Скопје, од каде ќе се упатат повторно пред зградата каде министерува Абдулаким Адеми.