ВИДЕО: Зврлевски ја прими кривичната пријава за Миленко Неделковски

Од:

Новинарите Бранко Геровски, Ацо Кабранов, Билјана Секуловска, Петрит Сарачини поднесоа кривична пријава против Миленко Неделковски.

Причина е колумната на Неделковски на сајтот Дудинка каде пишува дека на овие лица треба да им се суди за велепредавство.

Во колумната авторот бара доколку „институциите не превземат мерки, тоа да го стори народот или Македонците да се организираат и да го изметат својот двор“.

zvrlevski2maj

Миленко сите оние кои ги наведе во својата колумна „Сечење на чировите“ ги оквалификува како „Педери што работат за интересите на грчката влада и грчките тајни служби“.

Кривичната пријава новинарите ја поднесоа лично до Јавниот обвинител Марко Зврлевски, кој рече дека ќе ја разгледаат и процесуираат.

„На оваа кривична пријава ќе дадеме соодветен третман како и на секоја кривична пријава, и ќе ја доставиме до надлежното јавно обвинителство и ве уверувам дека ќе постапиме професионално и непристрасно“, рече Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Трамп: Би сакал новинарите да имаат пристап до Газа

Горан Наумовски

СДСМ: Полицијата на Тошковски повторно легитимира новинари

Убиени се двајца новинари во Газа

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите