ВИДЕО: Зоран Стевоски со независна листа во Охрид

Од:

[staff name=”Мики Трајковски” position=”Автор”][/staff]
Зоран Стевоски досегашниот член на СДСМ ја претстави својата независна листа за советници за престојните локални избори во Охрид. Стевоски кој важеше за човек верен на партијата денеска се појави во јавноста со уште неколкумина луѓе за да ја промовираат листата на советници за која што рече дека ќе освоела најмногу советнички места во идниот градски совет.

„Листата е составена е од млади луѓе, интелектуаци , од сите народности кои живеат во Охрид. Се надевам дека граѓаните ќе ја препознаат онаа левичарска нитка. Ние излегуваме на избори не за да ги бојкотрираме изборите. Се надевам дека СДСМ ќе излезе на избори, бидејки на избори се добива власта, а не на улица со бојкот. Бидејки оружјето во овој момент е на страната на Никола Груевски, се надевам дека ќе смогнат сили и ќе излезат на избори“, рече Стевоски.


Стевоски вели дека ако СДСМ одлучи да го исклучат од партијата тој ќе ја прифати секоја одлука. Негира дека зад ваквата негова одлука стои ВМРО-ДПМНЕ, иако во охридската јавност кружат такви информации.

„Не е точно дека зад оваа одлука стои ВМРО-ДПМНЕ. Нашата идеја е левичарска , немаме никаква допирна точка со ВМРО-ДПМНЕ“, рече Стевовски.

Од СДСМ кратко изјавија дека тие немаат намера да влегуваат во пропагандниот филм на власта.

ВИДЕО: А1он

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски