(ВИДЕО) ЗНМ: Слобода за Кежаровски – Апелација и го бели образот на власта

Од:

Здружението на новинари денеска од пред Апелациониот суд порача дека политичките калкулаци при носењето одлуки на судската власт се недозволиви за да се амнестираат грешките на власта.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани рече дека сите новинари се Томислав Кежаровски и дека одлуката за намaлување на казната од 4,5 години на две е милостина на судот.

Новинарите побараа ослободителна пресуда за Кежаровски, а не одлука за белеeње образ на некој кој згрешил пред две години.

Селмани посочи дека за невин човек и еден ден во затвор е многу, а не две години.

„Апелација сака да не убеди дека државата никогаш не греши и со тоа сака нас да не обесхрабри како новинари да ја вршиме основната функција во едно општество критички да ја опсервираме работата на јавните институции. Ако власта имаше намера да не застрашува не ја постигна целта. Ние не се исплашивме и како никогаш порано сме сплотени и солидарни со нашиот колега Кежаровски. За нас слободата на Кежаровски е безусловна. Таа е и наша слобода. Ние сме сите Кежаровски и јас сум Кежаровски“, изјави претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Осуда за кампањата за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага