(ВИДЕО) Жугиќ: Шилегов и неговите послушници да ја вратат цената на градскиот паркинг

Од:

„Во екот на пандемијата, на економскиот колапс и на галопирачкиот раст на сиромаштија, СДСМ и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов го поскапеа паркирањето во градот.

Го повикуваме Шилегов и неговите послушници во Советот на Град Скопје да се вразумат и да ја вратат старата цена на градскиот паркинг, а потешкотиите во работењето на претпријатието да го помогнат од градската каса, не од џебот на граѓаните!“, рече Јелена Жугиќ, советник во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов не само што ја зголеми месечната карта во катните гаражи кои се под надлежност на „Градски паркинг“ за 100%, туку ја зголеми и цената за час на зонското паркирање од 10% до 20% во однос на старата тарифа. За секој час паркирање на зонските места, цената на билетот е зголемена за 5 денари.

Оваа одлука е апсурдна! Во време кога градскиот превоз се одвива со намален капацитет и кога временските услови не дозволуваат користење на алтернативен превоз, велосипеди и тротинети, во време кога илјадници граѓани живеат во сиромаштија со 120денари дневно, во време кога десетици илјади скопјани останаа без работа, СДСМ и Петре Шилегов го поскапеа паркирањето дури и до двојно повеќе.

Шилегов, лажниот социјалдемократ удира по џебот на граѓаните за да го прикрие своето неодговорно, неекономско и неделотворно работење. Парите во износ од над половина милион евра кои во сред пандемија ги потроши за пластични диносауруси и новогодишни сијалички, сега тој решил да ги наплаќа од граѓаните.

Лажниот социјалдемократ донесе одлука за поскапување на паркинг услугите во време кога поскапе и струјата и водата, кога поскапеа горивата и пораснаа цените во малопродажбата“, изјави Јелена Жугиќ, советник во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче