(ВИДЕО) Жугиќ: Наместо општество за сите, Шилегов прави паркинг само за богатите

Од:

Јелена Жугиќ од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите рече дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и СДСМ ветуваа декларативно подобар живот, а на Скопјани им носат поскап паркинг.

– Наместо општество за сите, прават паркинг само за богатите. Откако мерката за забрана за возила на Средно Водно им доживеа фијаско, и селективно се пропуштаа возила, Шилегов сега воведува платен паркинг од неверојатни 100 денари за првиот час или нова паркинг зона А0. Ова е одлука со која елитата на СДСМ си го приватизира Средно Водно. Ова преставува и одредена финансиска дискриминација и сериозна пречка за семејствата со мали деца, за возрасните Скопјани, за лицата со хендикеп, директен атак на оние кои од реални причини не можат пешки до Средно Водно, рече Жугиќ.

Таа додаде дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Советот на Град Скопје не се согласуваат воопшто со оваа мерка која е на штета на сите граѓани.

– Незамисливо е неспособноста на градот да менаџира со еко зоната Средно Водно да ја плаќаат граѓаните. Со ова паднаа во вода и сите нивни декларативни заложби дека ќе ја заштителе парк шумата Водно од потенцијалните загадувачи. Тие со оваа мерка велат ќе има загадување, но ќе загадуваат само оние кои што имаат подлабок џеб. Се работи за дискриминаторска и исклучиво штетна мерка, Скопјани не смеат да плаќаат најскап паркинг во регионот од 100 денари од првиот час и затоа бараме од Советот на Град Скопје веднаш да ја повлече оваа дискриминаторска одлука, рече Жугиќ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито