(ВИДЕО) Жорди Вакер: Каде оди Европа?

Од:

Европскиот сон кој не беше постигнат никогаш, се заканува да се претвори во ноќна мора. Сонот беше Обединета Европа каде ќе се гарантираат слободите на граѓаните и социјалната правда, она што беше репер и магнет за земјите од Западен Балкан. Но ноќната мора се однесува на државите кои пропаѓаат и се подложни на ранливост, поврзаните општества преку долговите, стравот од агресивните соседи.

Ноќната мора е Унијата која се оддалечува од своите граѓани и се разводнува моќта на гласачите. Ние сме во фаза сега ниту на сон ниту на ноќна мора. Ова се размислувањата на Жорди Вакер ко-директор на Иницијативата за Европа на Фондацијата Отворено Општество и регионален директор за Европа кој зборуваше на темата “Каде оди во Европа“?

Вакер посочи дека најголемата опасност за европскиот сон е губењето на врските помеѓу граѓаните и нивните влади. За да се промени нешто според него, не е потребна вечност или многу години, тие можат да се случат за многу брзо време. Такви сигнали на промени тој воочил за прв пат и при оваа посета на Македонија.

-Јас неколку пати сум бил во Македонија на покана на Македонскиот Центар за образование и кога се враќав назад кажував дека на Македонија не и оди најдобро. Со секое доаѓање е се подепресивна ситуацијата, прашањето за името стана тешко, невозможно. но овој пат ситуацијата изгледа поинаку, поотпимисчки, тоа не е само поради студентскиот активизам, туку постои некое чувство на промени. Јас не сум тука да судам, но секако дека сум загрижен за граѓаните. Инспириран сум од вклученоста на граѓаните, кога апатијата станува доминантно чувство сум загрижен. Но кога ги преземаат работите во свои раце граѓаните, јас сум инсириран. Македонија е во многу интересен момент, и тоа не поради политичките скандали, или опозицијата што не е во парламентот, туку поради чувството дека луѓето почнаа да се ангажираат, рече Вакер.

Според него, се додека има проблеми во Европа, земјите од Западен Балкан нема да станат членки на ЕУ, а најголемите проблеми доаѓаат од балканските земји-Грција, Романија, Бугарија, а донекаде и Унгарија.

-Хоризонтот од десет години за прием во ЕУ е премногу оптимистичен, рече тој.

Вакер, кој долго време бил и колумност во шпнаскиот весник Ел Паис е на мислење дека постојат проблеми во ЕУ, но освен економската криза и сиромаштијата каде строгигите мерки на штедење не дадоа резултати, најзагрижувачко е ослабувањето на врските помеѓу граѓаните и владите. Според него загрижува промената на основните вредности и мислења во либералните демократии. Пример Виктор Орбан вели дека нема аспирации да постигне либерлана демократија. Во Турција и Русија тоа е уште поексплицитно, но и во земјите на Балканот.

Но тоа не е израз на економската криза во земјите, Ирска, Португалија и Шпанија беа јако погодени од економската криза, но толеранцијата не се избриша, напротив, стана уште погоголема. во Португалија беа одобрени браковите од ист пол.

Србија и Хрватска беа погодени од економската криза но таму не се случи радикализам, иако се општества кои добро го познаваат радикализмот.

Европјаните не се незадоволни од демократијата, туку од нејзиното изместување, смета Вакер.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески