(ВИДЕО) Живковиќ: За две години изградивме, или во тек е изградба на проекти за скоро 70 градинки низ целата држава

Од:

„Детската заштита и грижата за најмладите остануваат главни приоритети на кои посветено и во континуитет работиме.

Основен приоритет на Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е да обезбеди услови за правилен ран детски развој преку проширување на капацитетите на градинките и јакнењето на професионалните компетенции на кадарот со што се гради вистински квалитетно предучилишно образование.

На прав пат сме!“, рече Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

„За две години, на територијата на целата наша земја изградивме, или во тек е изградбата на проекти за скоро 70 градинки.

Веќе се потпишани договори за изградба на 5 нови градинки во општините Струмица, Ѓорче Петров, Крива Паланка, Боговиње и Ресен.

Со изградбата на новите градинки капацитетите ќе се зголемат за дополнителни 760 деца. Се повеќе деца вклучуваме во предучилишната грижа и воспитување.

Денес, детската заштита е подигната на многу повисоко ниво. Потврда за тоа е за 300 отсто зголемениот буџет на Министерството за труд и социјална политика за оваа година наменет за нови градинки и подобрување на квалитетот на предучилишното образование.

За изградба, реконструкција и опремување на детските градинки со Буџетот за 2020та година предвидени се 105 милиони денари, или над 17 милиони денари повеќе.

Со изградба на нови објекти, се креираат дополнителни 7.500 места во установите за згрижување и воспитание на деца и со тоа се зголемува опфатот на децата од 3-6 години на 50 отсто.

Покрај инвестирањето во нови градинки, се инвестира и во човечките ресурси во градинките преку зголемување на платите и зајакнувањето на компетенциите на кадарот во истите.

Продолжуваме и понатаму вистински да се грижиме за сите граѓани! Како одговорна партија преку бројни мерки и политики покажуваме дека вистински се залагаме за подобар живот на сите граѓани.

Грижата за најмладите и обезбедување на услови за згрижување и воспитување на децата, е правиот пат!“, изјави Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Продолжува војната СДСМ-Деспотовски: Хајка на квислингот

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он