(ВИДЕО) Живковиќ: Изградбата на новите 5 градинки обезбедува простор за дополнителни 760 деца

Од:

„Како одговорна партија преку бројни мерки и политики покажуваме дека вистински се залагаме за подобар живот на сите граѓани.

Детската заштита и грижата за најмладите остануваат главни приоритети на кои посветено и во континуитет работиме.

Потпишани се договори за изградба на 5 нови градинки во општините Струмица, Ѓорче Петров, Крива Паланка, Боговиње и Ресен“, рече Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

„За оваа намена обезбедени се 228 милиони денари или 3.7 милиони евра. Со изградбата на новите градинки капацитетите ќе се зголемат за дополнителни 760 деца. Се повеќе деца вклучуваме во предучилишната грижа и воспитување.

Денес, детската заштита е подигната на многу повисоко ниво. Потврда за тоа е за 300 отсто зголемениот буџет на Министерството за труд и социјална политика за оваа година наменет за нови градинки и подобрување на квалитетот на предучилишното образование.

Истовремено, покрај инвестирањето во нови градинки, се инвестира и во човечките ресурси во градинките. Преку зголемување на платите и јакнење на компетенциите на кадарот во градинките градиме вистински квалитетно предучилишно образование.

Со изградба на нови објекти, се креираат дополнителни 7.500 места во установите за згрижување и воспитание на деца и со тоа се зголемува опфатот на децата од 3-6 години на 50 отсто.

Грижата за најмладите и обезбедување на услови за згрижување и воспитување на децата, е правиот пат. Продолжуваме и понатаму вистински да се грижиме за сите граѓани!“, изјави Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он