ВИДЕО: Викаа полиција за да пробијат пат преку ископите за канализација, револт кај жителите на скопско Пржино

Од:

Триесетина куќи на улицата Пандо Кљашев во скопско Пржино денес беа отсечени оти на двете страни на улицата беа направени ископи за канализација. Градежниците ги пренасочувале жителите од една на друга стана, па тие морало да повикаат полиција за да им биде овозможено да поминат.

„Тргнав на едната страна и на стотина метри наидов на ископи и градежни машини. Беше невозможно да се помине оти покрај каналот стоеше багер кој сè уште копаше. Градежните работници ме пренасочија на другиот крај на улицата, но и таму имаше отворен канал и механизација. И од таму работниците ми рекоа да одам на другата страна, не сакаа ни да слушнат дека доаѓам од другата страна. Се прашувам што ќе се случеше ако имаше пожар или ако некому му треба итна помош. Живи ќе изгориме додека ни изградат канализација. Повикав полиција и кога се појави екипата, градежниците за миг ја затрупаа дупката на улицата Пржино, која е една од двете пристапни улици до ‘Пандо Кљашев’“, вели еден од жителите на „Пандо Кљашев“, кој тврди дека три месеци возат по раскопани улици поради изградбата на канализацијата.

Полицајците, кои екипата на „А1он“ ги затече на улицата Пандо Кљашев, по увидот, кусо рекоа дека им е овозможен пристап на жителите и дека проблемот е документиран.

Градежниците објаснија дека се случило некои од жителите да бидат отсечени поради некоординираност меѓу изведувачите. На едната страна ископ направиле од „Енергомнот“ оти очекувале дека на другата страна „Вардарградба“ ќе ги затрупа веќе ископаните канали за да може улицата да биде проодна.

Од Општина Кисела Вода најавија дека ќе го преземат мерки за неокоординираните активности.

„ Пропустот што е направен утрово, ќе го повериме и ќе реагираме адекватно. За контрола на работата е поставен проект-  менаџер и надзор од страна на Општината и проект менаџер од страна на Светска Банка“, велат од Општина Кисела Вода.

Во Општината нема поплаки за некоректен однос на градежниците, но општинарите ги охрабруваат граѓаните да пријават таков однос за да можат соодветно да реагираат. Градежните активности во Пржино од Општината велат дека ќе завршат на 15 декември оваа година.

Би можело да ве интересира

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Фатени двајца крадци – едниот крадел во фирма, другиот во приватни домови

Малолетник украл автомобил и бегајќи удрил во друго возило – приведен е

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Убиен е полицаец во Москва, негов колега е ранет