Сегашниот градоначалник на Општина Илинден Жика Стојановски, од жителите ќе побара поддршка за петти мандат, но овој пат, не како кандидат од ВМРО-ДПМНЕ туку како независен кандидат.
Тој денес извести дека е потврден како независен кандидат откако ги собрал потребните потписи.
„Со силна поддршка од жителите на Општина Илинден и бизнис секторот, мојата кандидатура како независен кандидат за градоначалник на Општина Илинден е потврдена. За само неколку часа собрани се повеќе од потребниот број потписи во канцеларијата на Државната изборна комисија“, вели градоначалникот Стојановски.
Тој е градоначалник на Општина Илинден од 2005 година и сите досегашни мандати ги доби како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Ги собра потписите за независна градоначалничка кандидатура, откако ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа.