(ВИДЕО) Жерновски: Зошто не побаравте референдум и за „Скопје 2014“

Од:

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ, во општина Центар, предлагаат референдумот за изгледот на ГТЦ, да биде распишан на ниво на целата држава, со аргумент дека во неговата изградба учествувале повеќе државни фирми.

На тоа, градоначалникот на општината Андреј Жерновски, реплицираше, прашувајќи ги зошто, кога беше донесена одлука за „Скопје 2014“ не беа консултирани истите тие граѓани.

„Кога беше одлучено пола милијарда евра, пари на граѓаните од цела држава да се потрошат за „Скопје 2014“, иако беше ветено дека проектот ќе чини 80 милиони евра, зошто тогаш не ја поставивте оваа теза. Ние одлучуваме за ГТЦ затоа што е територија на општина Центар.

Го повикав и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски да се приклучи на иницијативата, но веќе 10 дена немам одговор“, рече Жерновски.

Стотина активисти и граѓани се собраа пред општината за да дадат поддршка на иницијативата за референдум.

Претседатавчот на советот, одлучи да ја паузира седницата на 10 минути поради негодувањето на граѓаните на аргументите на советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски