(ВИДЕО) Жерновски за шлаканиците: Груевски и луѓето околу него ќе одговараат

Од:

Денешното судење за нарачаните шлаканици за градоначалникот на Центар беше повторно одложено, Жерновски вели дека правдата доаѓа полека, но сигурно и дека работите бидат решени.

– Иако до вчера никој не веруваше дека Груевски и луѓето околу него ќе седнат на обвинителна клупа, тоа денес се случува. Добри моменти доаѓаат за Република Македонија, работите ќе се решат, судството мора да почне да функционира, за мене тоа е последниот бастион кој што се уште е под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, но и на таквото судство ќе му дојде крај. Кога ќе имаме ново судство во државата тогаш ќе одговараат криминалците, рече градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

За кандидатурата во општина Центар за локалните избори, Жерновски изјави дека процедурата во СДСМ е завршена и дека тој е еден од четирите предложени кандидати, останува само да се донесе заедничка одлука во партијата кој ќе биде кандидат за градоначалник во Центар.

Тој потврди дека се откажал од кандидатурата за градоначалник на Град Скопје со цел да остане фокусиран на започнатите проекти во Центар и додаде дека кандитатот на СДСМ за градоначалник на Скопје ќе ја добие неговата целосна поддршка како и поддршката од општината.

– Концентриран сум на општина Центар, тој што ќе биде кандидат од СДСМ ќе ја има нашата поддршка, уверен сум дека ќе победиме во општина Центар и во речиси сите општини, а за град Скопје мислам дека сме многу блиску до победата, останува да направиме добра кампања и заедно да ја поставиме победата како опозиција, рече Жерновски.

Во врска со уривањето на балконот на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на Центар изјави дека Град Скопје не случајно се прогласил за надлежен на тој дел и дека случајот е обжален на второстепена комисија каде одлуката за уривање е одбиена.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски