(ВИДЕО) Жерновски: Со бојкот на 24. март, граѓаните ќе покажат дека се против расипничкото трошење

Од:

Отпорот денеска протестираше пред Општина Центар, велат секојдневно протестираат пред институциите, кои не работат во интерес на граѓаните.

За нив Општина Центар е симбол на неразумно трошење на парите на граѓаните, општина која е синоним за најголема пералница на пари преку проектот Скопје 2014.

„Ние сме против ова неразумно трошење кое што беше главна причина за судирот на 24. декември кога опозицијата сакаше да го сопре ова неразумно трошење кое што води кон дополнително задолжување на државата.Во Општина Центар, власта нема што да бара, зашто анкетите покажуваат дека најголем број на граѓаните се против проектот Скопје 2014, но и да потсетам дека на вонредните избори во 2011 година само СДСМ успеа да победи со 3.000 гласа разлика.

– Ако ги додадам и гласовите на партиите кои тогаш отидоа самостојно а сега се дел од оваа моќна здружена опозиција тогаш гласовите, односно разликата изнесува 5 и пол илјади гласа. Тоа значи дека Груевски е поразен многу многу пред оној црн понеделник, всушност многу одамна“, изјави Андреј Жерновски.


Им порачам на Груевски и на Владата, на 24. март кога ќе се одржат нивните избори, најголем проблем нема да биде бојкотот на здружената опозиција туку бојкотот на граѓаните кои ќе го искажат.

Тие со тој бојкот ќе дадат на знаење дека не се согласуваат со ова расипничко трошење на парите и со овој режим на владеење во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он