(ВИДЕО) Жерновски: Почнува детална ревизија за „Скопје 2014“

Од:

Од денеска почнува да работи Комисијата, која за 90 дена треба да ги соопшти прелиминарните резултати од ревизијата за проектот „Скопје 2014“. За 6 месеци треба да биде готов и комплетниот извештај.

Членови на Комисијата се еминентните експерти, поранешни претседатели на Комисијата за спречување на корупцијата, Слаѓана Тасева и Драган Малиновски.

Ревизијата, најави градоначалникот Андреј Жерновски на денешната прес конференција ќе се одвива на три нивоа. Освен Комисијата, во понеделник ќе го повика Државниот завод за ревизија да влезе и да направи контрола на проектот „Скопје 2014“ во делот на општинат, а ќе биде ангажирана и реномирана ревизорска куќа. „Слаѓана Тасева и Драган Малиновски, како поранешни претседатели на Антикорупциската комисија и непартиски луѓе се гаранција за фер и непристрасна ревизија. Ова беше и едно од моите централни ветувања во предизборието, дека ќе се направи ревизија.

– Ова не го правам поради политички реваншизам, туку поради транспарентност и отчетност, бидејќи граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари. Сите податоци околу текот на ревизијата ќе им бидат достапни на јавноста и граѓаните“, рече градоначалникот Андреј Жерновски.


Процесот и работата ќе бидат врз основа на законите, рече Слаѓана Тасева.

„Ќе работиме врз основа на документите, ќе има апсолутна транспарентност. Во секој момент ќе може да знаете што работиме“, рече Тасева.

„Во изминатиот период граѓаните беа хендикепирани, бидејќи немаа информации колку пари и како се тршени парите за проектот „Скопје 2014“Ова е обид за повторно воспоставување на транспарентноста. Ние нема да санкционираме, туку ќе ја констатираме состојбата“, рече Драган Малиновски.

Прес конференцијата се одржа во една од просториите на трошната барака на општина Центар, каде има купови кутии и документи, како што стои на нив за проектот„Скопје 2014“. Во таа просторија, веднаш зад канцеларијата на градоначалникот има и врата за излез надвор. Ова е единствена ваква канцеларија со сопствен влез и излез, кој води до оградата на општината.

dokumenti-skopje-2014

Одговарајќи на новинарски прашања дали недостасува нешто од документацијата за проектот, Жерновски изјави дека и тој добивал информации дека меѓу првиот и вториот круг од општината се изнесувани документи, но не знае точно, затоа што тој не ни ги допрел документите.

На прашање на новинар дали ќе се извини доколку нема неправилности во проектот, Жерновски одговори, дека не гледа причина за тоа, бидејќи во текот на изборната кампања ветил дека ќе се направи ревизија.

dokumenti-skopje-2014-3

Потсети дека има дел од граѓаните што го подржуваат проектот, но и голем дел кои не го подржуваат. 93 проценти од граѓаните, рече, сметаат дека треба да се направи ревизија.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ