(ВИДЕО) Жерновски: Ова дивеење повторно нема да дозволиме да се случи

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, кој дојде на мирниот протест кај хотелот Бристол, порача дека вакво дивеење и демонстрација на сила нема да се дозволи уште еднаш и го повика премиерот Никола Груевски да дојде на вонредната седница на општина Центар на граѓаните да им објасни зошто го прави сето ова.

– Згрозен сум од вандализмот и варвраство на централната власт, и тоа сторено навечер во ист период кога пред извесно време пред изборите беше донесен од претходното раководство промената на ДУП-от со кој беше овозможено да се уништи ова зеленило и да се изградат згради кои не знам за што и служат на оваа власт.

-Сакам да им порачам на граѓаните на Македонија дека оваа демонстрација на сила не ги засега само жителите на Центар зошто очигледно имаме работа со власт која има изгубено контакт со граѓаните и реалноста и чие самовилое не признава граници, рече Жерновски.

Тој ги повика граѓаните на вонредната седница на општина Центар следната недела, но и премиерот Груевски.

– Го повикувам да дојде премиерот јасно да каже зошто го прави ова, се надевам дека ќе има многу граѓани и да упатиме порака дека оваа дивеење нема да може да се повтори.

Жерновски појасни дека овој објект, предиден да се гради на месотото на уништениот парк е во ингеренции на централната власт.

-Ова е објект во надлежност на централната власт, се надевава дека нема да претераат, ако сакаа зграда за администрацијата имаа напуштена зграда на стотина метри и можеа да се сместат. Ваков ДУП под наша власт нема да може да се случи и да се уништува зеленилото, рече Жерновски.

На протестот, повторно беа поставени шаторите кои беа отстранети со асистенција на полицијата. Граѓаните револтирани што власта прави чекори со кои не се согласуваат-уништување на зеленилото и градење објекти пред нивните влезови.

Теорииите дека сето ова има финасиска исплатливост, и дека со новиот објект за Советот за радиодифузија нема да се плаќале скапи наемнини, го оценија како чиста глупост.

Би можело да ве интересира

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека не нарекува „талог“

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Жерновски: Кошта, Вајц и ЕУ ја потврдија реалноста што власта ја премолчува

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите