(ВИДЕО) Жерновски: Нудам соработка со сите во интерес на граѓаните

Од:

Гасификацијата во општина Центар се одвива според ветувањето во предизборието. Градоналникот на општина Центар Андреј Жерновскивели дека на седница на Советот на општината помина одлуката за потреба на формирање на Центар гас. Гасификацијата започна од ОУ „Димитар Миладинов“.

Досега училиштето плаќаше 80.000 евра годишно за загревање, а сега со гасификацијата 32.000, што значи заштедата само за ова училиште ќе биде 50.000 евра.

Следни за гасификација се ОУ „Гоце Делчев“ и една градинка.

За обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, дека гасификацијата е нивни проект, Жерновски праша, ако сакале, зошто за 13 години колку што беа власт не го реализираа.

„Ако Коце Трајановски сака, можеме проектот заедно да го работиме, и се во интерес на граѓаните. Се договоривме да имаме средба и се надевам на коректна соработка. Владата вети во предизборието дека ќе помогне во изградба на училиштето во Капиштец. Не знам што би се сменило ако градоначалник е од друга политичка опција.

– И Владата и сите треба да работиме во интерес на граѓаните.Очекувам средба со министерот за образование и да се договориме. Набрзо ќе го отвориме тендерот за идејно решение на училиштето“, изјави градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

Ковачевски: Гасификацијата станува реалност, завршени се градежните работи на гасоводот Неготино-Кавадарци-Битола

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска