(ВИДЕО) Жерновски: Нема да уривам споменици, јас сакам да градам

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски положи цвеќе пред Спомненикот на бранителите од 2001, во паркот Жена Борец.

Жерновски за А1 вели дека ги почитува и се поклонува на сите оние кои се вградија во Република Македонија и кои се бореа за нејзино ослободување и за одбрана на нејзиниот територијален интегритет и суверинитет.

-Никој нема право да ги присвојува борците или бранителите. Никој нема екслузивно право само тој да се нарекува патриот. Сите ја сакаме Македонија и работиме за нејзиното добро, рече Жерновски.

Тој ги отфрла сите изјави дека наводно сакал да урива споменици од „Скопје 2014“ со кои им се оддава почит на личности од славната македонска историја, на бранителите или борците.

-Јас сум човек кој сака да гради, а не да урива, вели тој, прецизирајќи дека како што ветил во изборната програма, ќе бара ревизија за тоа како се потрошени народните пари за Скопје 2014.

Жерновски вели дека нема да урива споменици, но дека на некои од нив не им е местото во центарот на Скопје и дека ќе се најде подобар и поадекватен простор одредени споменици. Тој стави мораториум на „Скопје 2014“ се додека не се испитааат сите правни и финансиски аспекти од овој проект.

Предраг Петровиќ

Би можело да ве интересира

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски ги посети семејствата на загинатите бранители кои престојуваат во одмoралиштето на МВР во Пониква

А1он

Ангелов: Со Предлог законот за бранители да се обесштетат семејствата на загинатите бранители

Горан Наумовски

Министерството за одбрана ја почна постапката за изградба на споменици на загинатите бранители Љуботенски бачила, Карпалак и Вејце

Катерина Ѓуровски

Банкината им е споменик на загинатите крај Карпалак и по 22 години: Петровска ќе бара дозвола од Желино да постави спомениик

Орце Костов

Одбележани 22 години од масакрот кај Вејце, оддадена почит на загинатите

Ана Ололовска