(ВИДЕО) Жерновски: Неизвесно е дали ќе се кандидирам за претседател на ЛДП

Од:

Актуелниот градоначалник на општина Центар и претседател на Либерално демократската партија изјави дека сеуште не знае дали ќе се кандидира на престојниот конгрес на неговата партија идната година.

Според Жерновски, притисоците во Центар биле огромни и затоа размислува да се посвети единствено на градоначалничката функција.

Потенцираше дека ЛДП, има кадар соодветен за таа функција и ги демантираше пишувањата во медиумите дека во неговата партија има раскол.

„Нормално е да има демократска кандидатура и јас со нетрпение чекам да има конгрес на партијата, а дали ќе се кандидирам останува да одлучам. Водењето на општина Центар во вакви услови е специфична и бара сериозна посветеност и затоа оваа дилема е кај мене присутна. Постои можност да се кандидирам а и постои можност да не се кандидирам, ЛДП има кадри и не се сомневам дека ќе продожи да функционира со полна пареа“, изјави Жерновски.


Горан Милевски од Битола кој вооедно е и потпретседател на ЛДП, најави дека официјално ќе поднесе кандидатура за лидерската позиција. Тој негираше дека има раскол во партијата но и потенцираше дека ЛДП останува партија која ќе продолжи да делува опозициски.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он