(ВИДЕО) Жерновски: Не гласајте глумци-диктатори кои глумат патриоти

Од:

На силен дожд вечерва пред битолчани се обрати лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски.

Чадор не ви треба и покрај дождот, на Груевски ќе му треба за да се крие. И да врне и да вее и бура да коси, опозицијата победата ја носи, рече Жерновски.

Одлучни сме, рече, да одиме до крај додека не ја ослободиме Македонија. Оној режим кој тепа пратеници е готов, оној премиер во моментот кога дал таква наредба, побарал предвремени парламентарни избори. Ако сте нападнале новинари, не се чудете дека за 82 места падна Македонија  за три години по слобода на медиуми. Нигерија е пред нас, Македонија е заедно со Венецуела и со Чавез.

И оние кои гласаат за ВМРО-ДПМНЕ велат дека економски веќе не може да се издржи. На провладините медиуми нема да ви кажат како паѓа стандардот, дека куповната моќ паднала за 50 проценти.16 месеци по ред имаме пад на индустриското производството.Нардот бара предвремени парламентарни избори“, рече Жерновски.

На Груевски му порача да се осмели и да излезе на парламентарни избори  за да се види колку го  посакува народот како премиер.Граѓаните, рече се против него.

Ни дождот ни снегот нема да го скрши отпорот.На 24.декември го видовме вистинското лице на овој режим.Не гласајтеза   глумци-диктатори а  кои глумат патриоти, им порача на битолчани, Андреј Жерновски.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он