(ВИДЕО) Жерновски: Најбогатата општина има празен буџет

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска на прес конференција, одговори на оркестрираните напади од власта и одредени медиуми. Како што изјави, општина Центар продолжува и ги интензивира активностите.

Во тек е комплетна реконструкција на три улици 8-ми март, Пајак и Роса Плавева.

Претходниот градоначалник, Владимир Тодоровиќ, по подолго време се појави во јавноста, со интервју на еден портал, во кое изјавува дека остава буџет во солидна кондиција.

„Буџетот за 2013 е комлетно потрошен досега. Најбогата општина има нула денари средства. Очекуваниот прилив за до крајот на годината е 350 милиони денари, а иста е и бројката на преземени обврски. Со земените кредити за двете катни гаражи во висина од 5 и пол милиони евра, потрошен е уште еден буџет“, изјави на прес конференција градоначалникот Андреј Жерновски.


Но, рече дека нема да се жали, иако под знак прашање , поради начинот на работа на ВМРО-ДПМНЕ и на претходниот градоначалник, било доведено и исплаќањето плати во општината.

„Одиме натаму и ќе се снаоѓаме. Нема да се жалам, туку ќе работам. И Аларова и Тодоровиќ наследија полна каса, а сега касата е празна“, рече Жерновски.

Што се однесува до интервјуто на Тодоровиќ и неговото јавно дистанцирање од црната и валкана кампања која се водеше против него, Жерновски, бара Тодоровиќ, јавно да каже во каква состојба ја остава општината. Тодоровиќ  го признава и проектот „Пустец“.

За ова, вели Жерновски,  треба да се позанимаваат надлежните во државата.

„Ако има Јавен обвинител, мора да се расчисти исплатата на хонорарите за „Скопје 2014“. Самите автори признаа дека не виделе такви пари , какви што се наведени во отчетот на Министерството за култура и на Владимир Тодоровиќ“, рече градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти

Герасимовски: Овој ден е важен, затоа што со секој глас се гради демократијата и иднината на Општина Центар

Горан Наумовски