(ВИДЕО) Жерновски: За багателна цена и на сомнителен начин се продава една од најатрактивните парцели во строг Центар

Од:

– Општина Центар нема да даде дозвола за градба, се’ додека не се расчисти што ќе биде со оваа парцела – реагира градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, на огласот кој вчера го даде Министерството за транспорт и врски за продажба на најатрактивното место на плоштад „Македонија“.

Тој издвои неколку причини зошто Министерството го продава на оглас земјиштето.

– Министерството брза со продажба на парцелата бидејќи на наредната седница е најавена ревизија на деталниот урбанистички план за „Мал ринг“. Притоа, во тек е постапката за конечно преземање на земјиштето во рацете на Општина Центар. Новиот урбанистички план за „Мал ринг“ е во спротивност на Уставот и законите на Македонија – вели Жерновски.


Според него, потенцијалните купувачи треба да се замислат дали ќе инвестираат во земјиштето, во време кога се прави ревизија на проектот „Скопје 2014“.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он