(ВИДЕО) Жерновски: Кога го нема Груевски тогаш знаете дека во Македонија има криза

Од:

Андреј Жерновски, појаснувајќи го ставот на Роза Каровска Топузова, рече, дека таа изјавила дека не смее да се дозволи експресно одбивање од двете страни.

Ние во опозицијата, вели, не се споивме за да размислуваме сите исто.

„Ве уверувам дека заклучоците кои сите ги даваме како здружена опозиција едногласно се усвоени и дека претставуваат став на сите партии во опозцијата. Сите овие провокации, како што беше провокацијата со продолжување на рокот за пријавување листи, дополнително не зближија. Нема повлекување, се додека не се повлече оваа власт“, изјави Жерновски.

На новинарско прашање, дека премиерот одбива да го соопшти ставот пред медиумите а ги испраќа своите помошници да го соопштат владиниот став, Жерновски рече:

„Не е прв пат Груевски да го снема кога во Македонија има критична ситуција. Кога го нема Груевски тогаш знаете дека во Македонија има криза. Не е најголем проблем што Груевски одбегнува директен медиумски дуел со опозицијата, тоа веќе го знаеме, проблем е што одбегнува дуел со граѓаните, а граѓаните го чекаат на воонредни парламентарни избори“.

Би можело да ве интересира

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Протест против странските работници во Риека: Дојдоа 20 луѓе