(ВИДЕО) Жерновски: Има ли излез од „ќор-сокакот“ и апатијата?

Од:

Либерално-демократската партија со голема загриженост го проследи Извештајот на ЕУ, со кој завршува петгодишниот циклус на еврокомесарот за проширување Штефан Фуле . За жал, констатира партијата, наместо со успех и омаж, завршува со досега најостри критики кон Владата на РМ и со пофалби кон останатите аспиранти од регионот, кои до неодамна далеку заостануваа зад Македонија.

За утеха, изјави на прес конференција, лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски, Република Македонија доби Препорака за преговорите со ЕУ, но таа, посочи, изобилува со апатија и е израз на напорите на ЕУ да ја одржи стабилноста во државата и во регионот. Токму затоа, препораката е условена со бројните отворени критики кон власта и кон нејзиниот авторитарен карактер.

Еве што изјави Жерновски:

ЕУ констатира дека македонската демократија не функционира и веке неколку години е дефицитарна, анемична и пука по сите шавови. Наместо напредок и прогрес, ЕУ смета дека Република Македонија назадува и прераснува во негативен пример за останатите држави аспиранти.

Веќе два месеца искрено, добронамерно и на различни начини, укажував дека Македонија ја губи својата перспектива, верувајќи дека моите пораки ќе допрат до совеста на луѓето што добија мандат да управуваат со нашата земја!

Предупредував, а ни се случи најлошиот Извештај за проценка на напредокот на процесите во нашиот консензуален приоритет за полноправно членство во Европската Унија, која недвосмислено ни укажа дека назадуваме во градењето и развивањето на темелните вредности на нормална, современа држава. Назадуваме во практикување на императивот на демократијата – основните човекови права и слободи, правната држава и независните и професионални институции.

Брисел ни кажа дека сме ги урнисале владеењето на правото, слободата на говорот и независните медиуми, професионалната администрација, независното судство, конкурентната економија, невладиниот сектор и стабилноста на монетарната политика, поставувајќи равенство меѓу партијата и државата, равенство меѓу етиката и корупцијата и криминалот, равенство меѓу слободната мисла и заканите, стравот и притисоците.

Страшно е да слушнете, а уште пострашно да прочитате во 21-от Век, дека вашата земја е во „ќор-сокак“, во без-излез, во агонија на уназадување на суштинските столбови на демократијата. Крајно непријатно е чувството кога пријателски ќе ви кажат дека тоа што навистина го утврдиле и го потврдиле како реалност во вашата земја е уште полошо од напишаното.

Благодарение на малкумина наши разумни и активни политичари, кои деновиве во Брисел сториле се за да го ублажат револтот кон сите, од наша страна, ветени, преземени и неисполнети обврски кон Унијата, не го слушнавме и не го прочитавме се уште најлошото. Само заради јавноста, деновиве ни беа упатувани следниве пораки: „Ако навистина сакате држава, ова е последна шанса да реагирате! Од нас нема повеќе толеранција за квази-политичари неизлечиво зависни од пари и моќ!“.

И на крајот, само заради јавноста, условената препорака во Извештајот на повеќе пати е илустрирана со неусогласеност на нашето законодавство со директивите и регулативите на ЕУ, односно е спротивно на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Само заради јавноста, моите информации говорат дека губењето на препораката, веднаш повлекува губење и на кандидатскиот статус и отворање процедура за раскинување на оваа Спогодба со ЕУ! Тоа ли е излезот од ќорсокакот во кој не втурна македонската влада?

Од денес почнува новиот петогодишен циклус во европските интегративни процеси. Либерално демократската партија сака да и порача на власта дека дадените оценки од страна на ЕУ се точни, критички и практично го запалија црвеното светло кое алармира дека власта барем преќутно да ги признае слабости и да вложи напори за нивно надминување. Никакви афери, аспења на судии или префрлање на вината врз опозицијата за да се сврти јавното мислење во друга насока, нема да и помогне на државата да го забрза својот пат кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он