ВИДЕО: Жерновски и Груевски во судската сала за случајот „Шамари“ и демолирање на Општината

Од:

Во Основниот суд Скопје 1 почна судењето за случајот „Нарачани шамари“ и насилство во општината Центар.

Во својство на оштетен во Судот влезе градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, советници и вработени во општината. По 20 минути доцнење во судот се појави и обвинетиот Никола Груевски.

За овој случај обвинети се екс министерот Миле Јанакиески, советничката Даниела Рангелова и други лица.

Во судот влегоа и обвинители од СЈО. Настаните се случија на 7 и 10 јуни 2013-та година, кога мамејќи го народот дека Жерновски сака да ја урне црквата на улица „Македонија“, непостоечка група „Веритас“ ги организираше луѓето масовно да дојдат и да протестираат и да ја демолираат општината.

За настаните можевме да слушнеме и во „бомбата“ која ја обелодени СДСМ, каде се слуша, како Груевски бара да се подготви сценарио во кое тукушто избраниот градоначалник Андреј Жерновски ќе добие неколку шлаканици в лице:

„Подготви го Мартин и Суле да спремаат од утре да маваме… Во петок ќе му собереме 2.000 луѓе пред Центар, дел ќе си влезат и внатре, нели имаат право граѓани да влезат. Па да видиме, да размислиме, дали еден да стане и три – четири јаки шамари да му врзе пред сите. Не може ништо да му се направи (на сторителот, н.з), нема тешка телесна повреда тука за кривична, има само за прекршочна“, вели во прислушуваните разговори гласот, за кој Заев рече дека е на тогашниот премиер Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски