ВИДЕО: Жерновски алармира и бара решение од надлежните за драматичното загадување на воздухот

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, заедно со соработниците, денеска остварија работна средба со колегите од Град Скопје. Жерновски ја поздрави оваа иницијатива бидејќи рече дека е добро да се разговара за проблемите.

„Сакам да алармирам за драматичната состојба со загадувањето на воздухот во општина Центар и во Скопје. Во текот на вчерашниот ден во општината, процентот на загадување на воздухот беше 6 пати поголем од дозволениот. Затоа, неопходно е заеднички да се обратиме до надлежните институции. Иако ингеренциите на локалната самоуправа на ова поле се мали, да не речам – никакви, сепак мора да се преземат неопходните чекори, бидејќи ова им го должиме и го бараат од нас и граѓаните на Центар и граѓаните од цело Скопје“, рече Жерновски.

Градоначалникот на град Скопје рече дека ова е 13-та средба со општините. Изминатите денови, јавните претпријатија на градот имале засилена активност во општината, се чистеле улиците, се санираат ударните дупки и се кастрат сувите дрвја.

Жерновски - Трајановски (2)

Трајановски, за 2016-та, ја најави и реконструкцијата на улиците „Тодор Александров“ и „Јордан Мијалков“, како и левиот брег на Вардар.

На новинарското прашање, упатено до двајцата градоначалници, за тоа дали се најдоа спомениците на албанските дејци, одговори само Жерновски, кој посочи дека процесот на поставување на овие споменици не го кочи тој, ниту општина Центар, а кој и зошто ги остави тие споменици намерно непоставени, треба да се прашаат оние кои тоа го направиле.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче