(ВИДЕО) Жерновски: Aјде сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ на дуел со мене

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, на прес-конференција најави дека од почетокот на новата учебна година значително ќе бидат намалени трошоците на родителите за нивните деца во основните училишта и градинките во општина Центар.

„Општина Центар во месец септември, наместо родителите, ќе го плаќа обезбедувањето на училиштата, ќе организира еднодневни екскурзии во училиштата и за прв пат – ќе органзира и ќе финансира часови по физичко воспитување и англиски јазик во сите детски градинки на нејзина територија. Исто така, општината наместо родителите ги превзема трошоците за одржување на хигиената во детските градинки“, рече Жерновски.

Говореше за новите проекти кои што ќе ги спроведува општина Центар, врз основа на сугестиите на граѓаните изнесени на непосредните средби и на отворениот ден секој месец во општината.

Жерновски очекува нападите од власта да продолжат и да се интензивираат.

„Спремен сум на дуел со било кој градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ и ќе докажеме дека општина Центар во овој период има сработено најмногу и тоа кога имаме опструкции од власта. Критики за дупки ќе има, а за онаа пронајдена дупка која беше објавена на еден медиум, можам слободно да кажам дека е опфатена со санација и затоа сите напади кон нас се крајно мотивирачки“, изјави Жерновски.

Со буџетот во 2015-та рече, се овозможува похумано и посигурно живеење и повеќе зелени површини во Центар.

Градоначалникот најави дека и Капиштец ќе добие основно училиште доколку Владата не опструира и притоа се добие одобрение за формирање на основно општинско училиште.

Советниците, рече Жерновски, беа едногласни и се донесе одлука за раскинување на договорот за кредит за катна гаража донесен од претходната општинска власт.
Оваа година ќе биде готова и новата градинка, која ќе може да прими 180 деца. По 40 години, општината ќе добие нова и современа градинка.

На прес конференцијата, Жерновски ја најави реконструкцијата на матичниот објект на градинката 13-ти Ноември, модернизирањето на основното училиште Гоце Делчев, реконструкција на улицата Ленинова која, како што рече градоначалникот, некои ја нарекуваат Аминта Трети, како и комплетното обновување на улицата Орце Николов, од булеварот Партизански Одреди од Клубот на Пратеници.

Продолжува изградбата на Боемската Улица, од ресторанот Идадија до Градежниот Факултет, како и проектот, кој се покажа како успешен-Цел Центар на Точак.
Најголемиот износ во целата држава, од 7000 денари за секое новороденче го исплаќа токму општина Центар.

Новина, која ја најави Жерновски, е стипендирање на најталентираните ученици од сите општински основни училишта, а дополнително ќе се мотивираат најдобрите ученици и наставници, како и негувателките и воспитувачите.

Би можело да ве интересира

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар