(ВИДЕО) Женските прашања не можат да чекаат на машки одговор

Од:

Претставнички на политичките партии, на невладини организации и на здруженија потпишаа и застанаа зад Декларацијата за унапредување на еднаквите можности за жените и мажите.

Декларацијата, која, беше истакнато, не е ниту етничка, ниту идеолошка, ниту партиска, не дојдоа и не дадоа поддршка претставничките од ВМРО-ДПМНЕ, ид ДУИ, ниту пак Љиљана Поповска од ДОМ.

„Женските прашања не можат да чекаат машки одговор“, рече Цветанка Ласкова, координаторката на Клубот на жени на СДСМ, која е иницијатор и изготвувач на Декларацијата.

Снежана Калевска Ванчева , една од иницијаторите и изготвувачите на Декларацијата, посочи дека жените меѓу другото, повикуваат на доследна примена на законската регулатива која се однесува на еднаквите моќности на жените и мажите, еднаква можност за вработување, јакнење на улогата на жените во процесите на одлуќување во политичкиот и јавниот живот.

Еден од пионерите на движењето за правата на жените, Савка Тодорова потсети на битките кои жените ги воделе за освојување на правата и местото во општеството.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните