ВИДЕО: „Зелени ѕидови, црна храна“ – документарен филм за мизерните услови во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Од:

Краткиот документарен филм за студентскиот дом “Гоце Делчев“ кој претставуваше испитна вежба на Сандра Ѓоргиева, студентка на Факултетот за драмски уметнотсти во Скопје на катедрата за филмска и ТВ монтажа ја открива целосно мизеријата со која се соочени над илјада студенти во домот. Без никакви елементарни услови, дел од овие студенти се уште се плашат да проговорат, да не им забрани потоа некој да престојуваат помеѓу влажните и мувлосани ѕидови.
Филмот беше реализиран во соработка со студентите од катедрите по филмска и ТВ камера и филмска и театарска продукција, како и со Факултетот за музичка уметност.

Филмот премиерна проекција ја имаше во рамките на фестивалот Македокс во јуни 2015 и оттогаш беше дел од 8 интернационални фестивали, меѓу кои и во официјална конкуренција на Сарајево филм фестивал. Извршен продуцент на документарниот филм е Јована Мишкоска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар