(ВИДЕО) Зеќирија Ибрахими: Општина Чаир должи 2,3 милиони евра

Од:

Извештајот од Министерството за финансии на Република Македонија, направен во мај 2017 година, покажува дека долгот на општина Чаир е 143 милиони денари или малку повеќе од 2,3 милиони евра, изјави денеска Зеќирија Ибрахими, кандидат на БЕСА за градоначалник на општина Чаир.

– Ќе го замолам кандидатот на коалицијата СДСМ-ДУИ да не им верува на властите во општина Чаир, кои му рекле дека општината не должи, бидејќи тие не водат сметка за неговиот образ во јавноста, рече Ибрахими.

По овој повод, продолжи тој, сакаме да ветиме пред целата јавност дека со нашето владеење со општина Чаир сите податоци за финансиската состојба ќе бидат јавни и достапни за секого.

– Ние сме убедени дека со подигнување на нивото на транспарентност, ние ќе ја вратиме довербата на граѓаните кон општината како институција, дури не само кај нив, туку и кај инвеститорите, кредиторите и другите можни донатори. Исто така ветуваме дека во рамките на нашиот мандат овој долг ќе се исплати и под никоја цена нема да дозволиме да излеземе од Општината оставајќи зад себе големи долгови, изјави Ибрахими.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ