ВИДЕО: Зекири пред три дена учествуваше на дебата со Јанушев во „ТВ24“

Од:

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој објави дека е заразен со коронавирусот, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ 24 заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, која ја водеше новинарката Душица Мрѓа која сега е во изолација.

Дебатата се одржа пред три дена, а од снимката може да се види дека учесниците не носеа заштитна опрема, но меѓу нив има дистанца. Новинарката Мрѓа не сакаше да коментира ништо околу ова и кажа дека ќе се обрати преку социјалните мрежи.

Генералниот секретар, Игор Јанушев, пак, не одговара на телефонските повици.

По објавата на Зекири официјално соопштение објави и ТВ24, од каде велат дека новинарката Мрѓа се чувствува, но сепак ќе биде во домашна самоизолација 14 дена, по препорака на епидемиолозите.

Од телевизијата укажуваат дека во текот на реализацијата на дебатата и при доаѓањето на гостите, испочитувани биле сите неопходни протоколи за физичка дистанца меѓу присутните, а соодветно студиото каде бил присутен Зекири е дезинфицирано.

Засега непознати за јавноста се останатите контакти кои ги имал Зекири во изминатиот период, исто како што непознато е дали потпретседателот на СДСМ учествувал и на други поголеми состаноци.

Минатиот месец, по учество на дебата каде заразен со коронавирусот беше новинарот Гоце Михајловски, во изолација беа лидерите Зоран Заев и Христијан Мицкоски. По 14 дена од контактот со новинарот, тие беа тестирани, а резултатите беа негативни.

Инаку, освен Зекири, позитивен резултат на тестовите за коронавирус имаат и неговото тримесечно бебе и сопругата.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

ВМРО-ДПМНЕ: За косата на Шекеринска 4 години затвор, а за украдени 1 милион евра две и пол години

Предраг Петровиќ

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on