(ВИДЕО) Зекири: МВР да отвори истрага, насилниците на Мијалков мора да одговараат

Од:

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири одржа прес конференција на која што ја потврди информацијата дека синоќа бил нападнат во едно скопско кафуле.

„Сакам да порачам, како граѓанин и како пратеник избран од граѓаните кои во големо мнозинство избраа промени:

Во Македонија ќе има правда за сите! Заврши времето на насилие! Секој кој тоа го правел или го прави ќе одговара! Институциите се должни да ги штитат граѓаните, а не лични и партиски интереси на поединци од криминалната власт во заминување.

Лица од обезбедувањето на Сашо Мијалков вчеравечер вербално и физички ме нападнаа. Мијалков седеше во кафулето Дион, каде што влегов јас со моите пријатели бидејки имавме резервирано маса. Објектот е под видео надзор и сето ова што го зборувам полицијата лесно може да го утврди.

10-тина лица кои седеа на масата со Мијалков дојдоа до нас и побараа од мене да го напуштам местото, затоа што сум бил непожелен. Таму имало приватна забава. Никој никому нема право да му го попречува седењето,а посебно не кога веќе имавме резервација и не се работеше за никаква приватна забава. Откако им објаснив дека имаме уредно резервирано маса еден од нив познат на полицијата а и нам ја преврте масата и групата почна да не турка насила кон излезот. Додека траеше турканицата надвор од објектот еден од нив извади полициска легитимација и побара да се идентификувам. Додека ја вадев личната карта да му ја покажам друго лице отпозади ме нападна физички во пределот на главата. Случајот го пријавив во полиција. Дополнително скандалозно е што полицаецот пред кој ја давав изјавата, не сакаше во извештајот да го напише името на Сашо Мијалков. Иако се работи за моја изјава пред полиција, на којашто има право како граѓанин.

Овде сум во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да побарам МВР веднаш да отвори истрага и да го расветли случајот. Насилниците мора да одговараат. Независно чии луѓе се.
Повторувам, во Македонија мора да има и ќе има правда. За тоа гласаа над 600.000 граѓани на Република Македонија“ изјави Мухамед Зекири, пратеник од редовите на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: За косата на Шекеринска 4 години затвор, а за украдени 1 милион евра две и пол години

Предраг Петровиќ

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков