ВИДЕО: Здраво Таравари, како изборната кампања?

Од:

Се уште актуелниот министер за здравство, Арбен Таравари отвораше трета смена во амбулантата во Арачиново, а вчера отвори Гинеколошка ординација во Шуто Оризари.

Денеска во Арачиново, тој беше пречекан со транспарент на претседателот на неговата партија, Зијадин Села.

Според информации на А1он, Таравари планира секој ден да отвора по нешто и да биде присутен во јавноста, со што фактички води изборна кампања преку Министерството за здравство, каде што е се уште министер.

„Кампањата се уште не е почната, на 25-ти ќе започне, но верувајте веќе има атмосфера на избори, тоа не можеме да го запреме, не е нарачано да дојдат со партиски симболи, тоа е неизбежно.

– Не е по моја нарачка, не го направив ова јас, ова не е мој личен успех, го направи тимот“, рече Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање дали е веќе започната предизборната кампања со оглед дека тој во Арачиново беше пречекан со партиски симболи.

Таравари минатата недела информираше дека ќе се кандидира за градоначалник на Гостивар, а со тоа и дека ќе се повлече од министерската позиција.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ