ВИДЕО: Завршува изведбата на Спортско – адреналинскиот парк кај Алпинистичката карпа

Од:

Завршува изведбата на Спортско – адреналинскиот парк кај Алпинистичката карпа, долж Кејот на реката Вардар. Во моментот се работи на адреналинскиот дел и зиплајн (жичница), кои претставуваат авантуристичко-забавен сегмент, наменет за помладите жители на Карпош и Скопје.

Оваа локација, соопштија денеска од Општина Карпош, е меѓу најпосетуваните рекреативни зони во градот. Затоа, спортските ентузијасти, наскоро ќе можат да ги користат новите игралишта за фудбал и одбојка на песок, како и Алпинистичката карпа и тениските терени. За најмладата популација е конструирано ново детско игралиште кое е опремено со современи забавни содржини.

Според градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, овој специфичен парк ќе ја промени сликата за овој дел од главниот град, а токму овој проект е еден од неговите главни предизборни ветувања.

– Младите ќе возат скејт, авантуристите ќе го искусат зиплајнот, децата ќе се рекреираат, а нивните родители, баби и дедовци ќе уживаат во уреденото зеленило. Сега, продолжуваме и со целосно раззеленување на потегот до мостот „Газела”, во соработка со Град Скопје. Овој, Спортско – адреналински парк е одраз на поддршката на Европската Унија и нашата волја за заштита на животната средина. Денес, разговараме за нови паркови и детски игралишта, а не за узурпација на јавниот простор со нови згради. И тоа е најголема придобивка, рекол Богоев, стои во соопштението.

Локална самоуправа неодамна информираше, дека во паркот се засадени и 70 нови дрвја, украсни растенија и тревна површина со систем за наводнување. Исто така, поставени се нови клупи за седење, како и корпи за отпадоци и држачи за велосипеди.

Овој јавен простор, се наведува во соопштението, наскоро ќе биде достапен за граѓаните, а сите реквизити и терени ќе бидат под 24 часовно обезбедување.

Би можело да ве интересира

Се дезинфицираат училиштата во Карпош пред почетокот на учебната година

Ана Ололовска

ВИДЕО: Се реконструира улицата Никола Парапунов во Карпош 4

Ана Ололовска

Отворен нов спортско-рекреативен центар во Карпош 3

Ана Ололовска

Со механизација и вонредни дежурства Карпош ја расчистува депонијата кај СРЦ „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Стартува дезинфекцијата на школите во Карпош

Ана Ололовска

Градинките во Карпош ги отворија вратите за децата

Ана Ололовска