(ВИДЕО) Заплена на дрога во Струшко, во возило пронајдени 62 пакувања марихуана

Од:

Четириесет и шестгодишник А.Т. од Поградец, Република Албанија, денеска е уапсен на магистралниот пат Струга – Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово.

„Го привеле полициски службеници од Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, откако при претрес на возилото што го управувал, „опел зафира“ откриле три торби со 62 пакувања со марихуана. Министерството за внатрешни работи соопшти дека е известен јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава“, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Во Србија фатен бугарски државјанин со над три килограми дрога

А1он

Медведев: Приказната за дрогата е изговор, вистинската цел е венецуелската нафта

Податоците од САД ги побиваат тврдењата на Трамп: Кокаинот во САД не доаѓа од Венецуела

Мадуро: Време е за разговори со САД за борба против дрогата

Татко и син осомничени за илегална трговија со марихуана во гевгелиско

Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

А1он