ВИДЕО: Запалени фотографии на протестот пред Влада и порака дека законските измени нема да аболицираат никого

Од:

Фотографии од неколку функционери запалени и измачкани со црвена боја, фотографии од онколошки пациенти за кои пишува дека се жртви од кражбата на лекови и транспаренти на кои пишува „Крвави пари“, „Крадци, убијци“ и „Уапсете го кабелот“ на денешниот протест на граѓаните по скандалот со Онкологија.

Организаторите со порака дека донесените измени во Кривичниот законик нема да ги аболицираат инволвираните лица од злосторствата.

„Нашите барања и ултиматум од овој протест, се истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев, проширување на истрагата на работата на Детска онкологија, целосна ревизија на работата на Клиниката за онкологија, правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија, обелоденување на информациите од истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, одговорност од ЈО кое одлучи дека нема кривичо дела во трагичниот случај со малата Јана од Битола“, наведуваат организаторите.

Од владата, демонстрантите се упатија кон обвинителството, каде повторно ќе го изразат револтот од немањето доволно информации. Обвинителството пак, повика тројца онколошки пациенти цело време да имаат увид во предистрагата и сите дејствија кои се преземени, но со претходно потпишани изјави дека нема да изнесат ништо што би и наштетило на истрагата.

Би можело да ве интересира

Случај „Онкологија“: Вештак од Србија укажува на пропусти, одбраната оспорува документација

Горан Наумовски

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Судење за „Онкологија 2“: Сведочеше Клисаровска која тврди дека конзилиуми и колективни одлуки го отежнуваа работењето