ВИДЕО: Дојдоа и дома кај Локвенец со закани да се придружи на маршот против платформата

Од:

Вмровските тројки повторно во акција овој пат во Прилеп. Тие му оставија покана на пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец да се придружи на т.н. марш за одбрана на Македонија и да каже не за албанската платформа.

– Се надеваме ќе надвладее разумот кај пратеникот на СДСМ, г-динот Хари Локвенец, зборуваат додека се пред неговиот дом каде очигледно не е присутен Локвенец туку само неговите деца.

Локвенец преку медиумите се пожали дека активистите на ДПМНЕ ги плашеле неговите деца со нивната посета.

На ова посетителите возвратија дека тој и неговата партија треба да се плашат од нив доколку не се откажат од албанската палтформа.

-Г-дине Локвенец, по медиумите сте изјавувале дека сме ги плашеле Вашите деца со нашата посета.
Како што може да се види од видеото, имаше уредна доставена покана да ни се придружите на маршот ПРОТИВ албанската платформа.

Немаше пцовки и навреди кон Вас пред вашата зграда и не му беше ништо речено лошо на Вашето дете.

Културна беше поканата од наша страна, без навреди и заплашување.

Тоа што Вие и некои од Вашата партија се плашите да се соочите со народот заради велепредавството што го правите е Ваш проблем.

Ве уверуваме дека ние никогаш нема да си дозволиме да ви ја заплашуваме фамилијата меѓутоа Вие и Вашата партија треба да се плашите од нас ако не се откажете од албанската платформа, се закануваат од како што се наречени М.П.З. Пере Тошев.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Протест „Ниту една повеќе“: Политичари, судии, полицајци, насилници, парољупци – додека не ја добиеме правдата, мир за вас ќе нема!

А1он

Протест „Ниту една повеќе“ во Скопје: Македонија одамна не е добар родител на своите деца!

А1он

Протест во  Крива Паланка, Митовски порача: Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот

„Ниту една повеќе“: Граѓаните бараат крај на насилството врз жените

Горан Наумовски

Кривични пријави и приведувања за повеќе случаи на семејно насилство, закани и малтретирање

Горан Наумовски

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана