(ВИДЕО) Захариев: Вашите идеи ги преточивме во дела и завршивме над 450 проекти

Од:

„За последните 4 години за Штип направивме многу. Штип е град, можеби и географски поим, но Штип си има своја суштина, а тоа сте Вие почитувани граѓани.

Вашите предлози, вашите идеи ги преточивме во дела и завршивме над 450 проекти на секоја улица, во секоја населба во целиот град, во сите рурални места, не застанавме. Имавме мотиви за работење имавме енергија, сила знаење како да го препородиме нашиот град, како Штип да го направиме модерен, урбан центар. Да го уредиме секое катче, да го засакаме нашиот град.

Претстојат нови предизвици, нов четиригодишен мандат, нови идеи, нови иницијативи. Уште повеќе работа, уште повеќе ангажирање.

Морам да ви кажам дека не се изморив во претходните четири години. Имам енергија, имам знаење, имам сила имам идеи и одлични соработници кои заедно со мене ќе направиме уште повеќе дела кои вие ги барате почитувани граѓани.

Главни приоритети во овој период ќе биде локалниот економски развој, отворањето на новата индустриска зона во Плуждино, каде ќе има 18 парцели за фабрики за лесна и незагадувачка индустрија.

Ќе ја развиеме индустриската зона кај Астибо, како и индустриската зона во Три чешми, индустриската зона Запад кај „Акива“ и „Семак Фешн“ . Нови перспективи за отворање на фабрики, нови перспективи за отворање на работни места.

Работиме урбанистичка документација, за изградба на 1000 куќи за млади до 35 години. Тие плацеви ќе бидат скоро бесплатни, по едно евро за метар квадратен. Еден плац ќе биде од 250 до 300 метри квадратни, значи од 250 до 300 евра по метар квадратен. Ќе ве ослободиме од комуналии, ќе дадеме шанса на младите кои живеат во нашиот град, кои работат во нашиот град да си направат сопствена куќа.

Секако дека во локалниот економски развој планираме отворање на три Спа центри во нашиот град за да ги искористиме добрите природни ресурси, а тоа е топлата вода од Кежовица која е позната по својата лековитост.

Секако дека еден од нашите големи приоритети ќе биде гасификацијата на нашиот град. Благодарение на нашата влада, се направи примарната мрежа од Клечовце, Куманово до Штип. Тоа беше одличен проект на Газпром гасот е веќе стигнат до нашиот град, два приклучоци веќе се припремаат кај Сушево и кај индустриската зона, се надевам дека наскоро ќе ја реализираме и секундарната мрежа. Ќе бидат приклучени сите јавни установи, детските градинки, училиштата, општината, јавните претпријатија, секако индустријата и приватните семејства. Ќе заштедиме многу, ќе ја заштитиме животната средина.

Огромен проект ќе биде во делот на водоснабдувањето да ги обезбедиме конечно со вода сите населби во нашиот град, посебно Македонка, Чадакалија, Балканска, но и насеените места Врсаково, Шаварлија, Љуботен, Суфилари и секаде онаму е потребна здрава вода за пиење.

Изградбата и доградбата на колекторот кој е граден пред многу години, каде имаме многу проблеми е наш приоритет. Веќе обезбедивме милион евра за изработка на комплетна проектна документација. Моментално се врши ревидирање на тој проект. Ќе се изработи комплетно нов колектор до четвртиот километар каде планираме изградна на пречистителна станица. Тоа е потребно пред се за здравата животна средина, за чување на реката Брегалница која е од животно значење не само за Штип туку за цела источна Македонија, а истовремено ќе дадеме нов импулс во еколошкиот живот во нашиот град.

Секако дека почитувани мои граѓани ќе ја уредуваме и реката Брегалница. На исти принцип како и реката Отиња, значи делот на реката Брегалница од населбата „8 Ноември“ па се до бањата Кежовица ќе добие сосем нов лик, адаптирана прилагодена за децата за спортистите, за риболовците, за пешаците, за велосипедистите. Мислам дека уредувањето на реката Брегалница ќе го промени ликот на нашиот град, на оваа река која живот значи за нашиот град.

Ќе го доградиме секој сегмент околу секоја населба. И тоа уредувањето на паркинг простори околу сите згради, уредување на влезовите и секако многу зелени површини“, изјави Илчо Захариев, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Штип.

Би можело да ве интересира

Јасен е победеникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, вели Мицкоски

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје