(ВИДЕО) Зафировски: Вакцинацијата не смее да запре, да се воведе систем на тестирање на граница

Од:

„Владата не смее да ја игнорира опасноста која ни се заканува како последица од делта сојот на КОВИД 19. Според она што до сега им е достапно на експертите како информација, може да се утврди дека оваа мутација на вирусот е далеку повирулентна, по брзо се шири, ја зафаќа младата популација и можноста за компликации се поголеми, но од друга страна власта нема план на повидок како да го заштити населението“, рече Д-р Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Земјите во регионот и светот имаат строги контроли при влез на нивната територија, само во Македонија нема никаква контрола.

Малото присуство на КОВИД 19 во Македонија и големината на државата даваат одлична можност да се превенира огромен бран на есен. Се што треба да направи Филипче е да воведе систем на задолжително тестирање на граничните премини и на аеродромите, како ќе се превенира КОВИД позитивни да влезат на територија на Македонија слободно.

Во таа насока Филипче мора да го направи тестирањето во рамки на државата подостапно.

Крајно и најбитно е да се продолжи со вакцинација, но и со поголем опфат на населението. Вакцинацијата мора да биде масовна и да се искористи летниот период за создавање на што поголем колективен имунитет кај населението, што би довеле до тоа спремни да го дочекаме новиот бран на делта сојот на есен.

Потребно е власта да каже и како планира да обезбеди нови вакцини, но и до каде се најавените купени 800.000 Фајзерови вакцини и 200.000 вакцини Спутник, кои како што известуваа ги нарачале, а еве веќе 4 месеци ни трага ни глас од нив.

Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе! Време е за подобра иднина“, изјави Д-р Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ