ВИДЕО: Заеви донираат 700 пакети храна за жителите на Куманово и Дебар

Од:

Пакети со прехранбени продукти за жителите на најпогодените подрачја од коронавирусот, Куманово и Дебар, ќе донира семејството на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Заеви ќе донираат 700 пакети со прехранбени продукти, од кои 500 ќе бидат наменети за Куманово и 200 за Дебар. Тие ќе се доставуваат во соработка со општинските кризни штабови на најпогодените градови.

Доставата ќе ја прави семејството Заеви со помош на струмичкиот кризен штаб и хуманитарни здруженија. Пакетите ќе се испорачуваат од утре, нивната подготовка привршува.

Помошта ќе биде доставена до кризните штабови на Куманово и Дебар, а тие ќе ја доставуваат до најпогодените семејства, односно до оние кои имаат потреба од продуктите.

Претходно, семејството Заеви донираше 6000 чаршафи за болнички кревети, од кои 5000 чаршафи се директно предадени на Министерството за здравство, а 1000 чаршафи во болниците во Струмица, Штип и Прилеп. Тие набавија и скафандери, визири и маски за здравствените работници и тоа во значителни колични и веќе се на пат кон државава.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска