(ВИДЕО) Заев: Време е да ја видиме Македонија сплотена, просперитетна, економски напредна и целосно интегрирана во ЕУ и НАТО

Од:

Општина Струмица, денеска, го одбележа Денот на независноста на Република Македонија. Пригодната свеченост се одржа пред споменикот на Гоце Делчев на истоимениот плоштад, пред кој свежо цвеќе положија градоначалникот Зоран Заев, претставници на Советот на општина Струмица, јавни институции, политички партии и здруженија. Зборувајќи за значењето на овој историски ден за Република Македонија, градоначалникот Заев порача дека време е да ја видиме Македонија сплотена, просперитетна, економски напредна и целосно интегрирана во ЕУ и НАТО.

-Денес Македонија слави значаен јубилеј – 25 години од својата самостојност. Треба да сме среќни и горди на тој јубилеј, но треба и да се подзамислиме дали Македонија доживеа вистински развој за овие 25 години. Време е да го воскреснеме култното прашање на Крсте Петков Мисирков – „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за напрет.“ Ако одговориме дека доволно сме направиле за Македонија, тогаш го лажеме и народот, но се лажеме и самите себе. Македонија не можеме да ја излажеме. Таа знае колку доби од она што го заслужи. Но затоа, можеме по вториот дел од прашањето, да бидеме поодговорни, посериозни и поангажирани и да направиме многу за Македонија и за сите луѓе кои живеат во неа. Тоа ќе го сториме, само ако ги поправиме грешките од минатото и денес. Тоа ќе го сториме, само ако вистински си ја сакаме татковината. Време е да ја видиме Македонија сплотена, просперитетна, економски напредна и целосно интегрирана во ЕУ и НАТО. Само така самостојноста на државата ќе ја славиме среќни за вечни времиња. Нека ни е честит денот денешен. Нека ни е вековита Република Македонија и нејзината самостојност, рече градоначалникот Заев.

Во чест на Денот на независноста, членовите на рецитаторската секција при домот за деца и млади „Благој Мучето“ изведоа мал митинг на револуционерна поезија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ