(ВИДЕО) Заев: Во тешки околности станавме 30 земја членка на НАТО

Од:

„Во време кога целосно сме посветени и се бориме со широко распространетиот вирус, пристигна и многу важна вест за иднината на нашата држава и врвен стратешки приоритет:

Северна Македонија е веќе 30 земја членка на НАТО!

Во вонредни околности, Сенатот на Шпанија за првпат гласаше од далечина, телематски само за нас, и без ниту еден глас против го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

Со овој пријателски чин, завршен е процесот на ратификации на Протоколот во сите земји членки на Алијансата во неверојатно тешки услови“, кажа на денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Испишавме историја за нашата држава и сите наши граѓани, во тешко време, кога сме фокусирани на заштита на здравјето и сигурноста на граѓаните.

Успеавме да го оствариме тридеценискиот сон на многу генерации и покрај сите предизвици со кои денеска се соочуваме, затоа сите сме горди на овој историски успех.

Ги остваривме заложбите на претходните генерации, ја обезбедивме сегашноста и ја загарантиравме сигурната и стабилна иднина на генерациите кои доаѓаат по нас.

Ова е верификација на вистинските државнички политики во изминатите 2,5 години.

Уште од првиот ден од мандатот моравме да се посветиме на нашата земја и да ја вратиме на патот на интеграциите во ЕУ и НАТО.

Сега темелите се поставени и продолжуваме напред, да градиме безбедна, стабилна, развиена земја, како основен услов за да може и економски посилно да се развива, за подобар живот на сите наши граѓани“, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Трамп ги нарече сојузниците на НАТО кукавици: Се жалат на цените на нафтата, но не сакаат да помогнат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија