(ВИДЕО) Заев: Верувам дека Владата ќе биде предводена од СДСМ

Од:

Јас го немам добиено решението за „Пуч“, моите адвокати веќе го имаат добиено, најверојатно затоа што сум често во Скопје, а мојата домашна адреса е во Струмица. Верувам дека денеска или утре сигурно ќе стигне рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев во одговор на новинарски прашања.

П:Во тој предмет СЈО го бараше Груевски за сведок, но тоа не се случи. Дали ви одговара ваква разврска?

Не се осудувам да коментирам детали околу одредени предмети освен она што е достапно за јавноста. Но според она што го знам, аналогијата на одлучување вели дека едно исто обвинителство односно СЈО или ќе ги гони „Тврдина“ и „Таргет“ или ќе го гони „Пуч“, затоа што врв на бесрамноста стана насилство врз висок претставник на државните институции, односно Заев направил насилство врз Груевски заради тоа што барал предвремни избори и техничка влада. Таа на крајот се оствари. А за странските служби, жолтите комбиња до денеска оштетеното лице Никола Груевски нема посочено странска држава или службени лица кои го правеле тоа и остана неодговорено кој тоа прислушкувал. Ако истото тоа обвинителство вели дека „Таргет“ и „Тврдина“ кои истотака се поврзани со неосвалстено прислушкување, тогаш или ќе ги застапува нив или ќе го застапува „Пуч“. Не може во двата случаи да застапува исто обвиниение. За сите други детали, јас оставам се на доказната постапка кои ја што ја водат токму тие. Како што знаете, ова рочиште воопшто не започна. Прво, не се доделени термини за судско рочиште, заради тоа што поротници немале безбедносни сертификати, па потоа не дојде главниот сведок и оштетената страна. До тука смеам да коментирам, бидејќи толку знае јавноста, повеќе детали не знам ниту јас, ниту јавноста, за да можам да си дозволам да коментирам. Логиката ми го кажува она што денес го споделувам со вас.

П:Има некои маневри во врска со составување влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Имате ли некакви информации и дали воопшто водите преговори со некого, бидејќи еднаш веќе се сретнавте со Ахмети?

Дадовме соопштение од таа срењдба. Навистина, ние само ги кажавме позициите на двете партии не разговаравме за детали и затоа и не соопштивме нешто бидејќи немаше што да се соопшти. Но, навлегувајќи во крајниот рок на Никола Груевски да формира влада кој истекува до крајот на оваа седмица, веројатно ќе бидеме принудени да ги соопштиме нашите своите позиции во поглед на актуелниот момент кој го очекува јавноста. Штом ќе дојде време за тоа, верувајте, ќе ги соопштиме своите ставови. Секако, мандатот е во рацете на Груевски и тој треба да ги даде своите коментари, своите образложенија, ние како опозиција во овој момент немаме мандат за да составуваме влада. Јас искрено очекувам дека после 29-ти јануари мандатот ќе биде во наши раце. Зошто? Заради сите аргументации коишто целата јавност ги знае. А тоа е – мнозинството граѓани, преку 612 илјади, се определија за промени. И ова е недвосмислено јасно, еклатантна бројка е, од тоа бегање нема. Наспроти тоа, сите прагматични и практични сегашни моменти во оваа Република Македонија ни кажуваат дека промени ќе се случат, тие се здрави за државата, да бидеме уште малку трпеливи, тоа да го почекаме.

П: Зошто до сега не сте имале коментар за платформата на албанските партии? Неколку пати имаше прашања до вашата партија, но немавте коментар.

Имаме и тоа како многу што да кажеме по платформата. Ние имаме свој став. Заради тоа што тие ја објавуваат платформата со конкретна цел – мандаторот да ја слушне. Така? Мандаторот е Никола Груевски. Зошто вие да не ја коментирате, или моите адвокати, или некој сосема трет? Така и јас, не сум повикан да го коментирам тоа, од проста причина, почитувајќи принципи и правила. Мандатот е даден кај Никола Груевски. Тој е на потег.

П: Тоа значи дека ќе се коментира после, откако ќе го добиете мандатот, евентуално?

Тоа значи дека во деновите коишто следуваат, веќе завршува мандатот на Никола Груевски и ние тоа многу брзо ќе го направиме. Зошто? Затоа што јавноста тоа го очекува, односно ќе стане се поизвесно дека Груевски не може да формира влада. Тоа се мои очекувања, јас транспарентно ги споделувам неколкукратно со граѓаните. Тоа се очекувања на еден човек, политичар Зоран Заев. Можеби и се лажам, можеби поинакви се работите во државата но тоа го очекувам согласно сите информации коишто ги имам. Како наближува крајот на овие 20 дена од мандатот коишто Никола Груевски ги има, така и ние ќе настапиме со своите ставови, пред се по нашата платформа, понатаму со сите наши суштествени погледи, на сето она што се очекувања, на сите политички партии коишто имаат свои мандати во парламентот. Нормално е да се разговара со политичките партии коишто имаат мандати во парламентот, заради тоа сум направил средба со Али Ахмети, сум направил средба со коалицијата предводена од Беса, со коалицијата предводена од господинот Зијадин Села, правиме средби и тоа е нормално во овој период. Но, штом имаме конкретни работи веднаш ќе ви ги соопштиме, како што и досега, впрочем, транспарентно сме го правеле секогаш.

П: Што доколку ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ направат влада? Еве веќе се навестува, се почесто се испраќаат такви пораки.

Јас сум прагматичен политичар. Не би сакал да коментирам или прејудирирам нешто – што доколку. Да почекаме, па после тоа ќе ги дадеме нашите коментари.

П: Што доколку Груевски не успее да формира влада во периодот од мандатот којшто му е даден и оние толкувања на одредени аналитичари дека треба повторно претседателот на него да му го даде мандатот?

Недвојбено, бескомпромисно го почитувам Уставот и законите во Република Македонија, а Уставот вели – Ѓорге Иванов е должен на партија или партии да им го додели мандатот во рок од 10 дена од конституирање на парламентот, токму на оние што ќе демонстрираат или ќе покажат мнозинство дека поседуваат во парламентот. Тоа е уставот, ќе ги прашате уставните професори, сите стручни луѓе во нашата јавност и преку вас медиумите, оставете народот нека дебатира. Но на крајот, вистината е една и правдата е една. Јас верувам дека согласно Устав и согласно закон ќе си тераат постапките. Време е оваа криза да заврши, а кризата ќе заврши преку формирање на влада, избор на претседател на парламентот и нормално да течат институциите во Република Македонија, да работат. Секако, јас како шеф на опозицијата, верувам дека владата ќе биде предводена од Социјалдемократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он