(ВИДЕО) Заев: Судењето се одложи затоа што сведокот Никола Груевски одлучи да не се појави

Од:

Како што реков, еве сме овде пред Судот заради тоа што ветивме дека ќе се бориме за правда. Веднаш штом се создадоа условите да можат да се оддржат рочиштата ние сме овде барајќи правда, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред Судот.

Според него, тоа што се случува во Судот и одлуката да не се пуштат новинарите на судењето е единствено поради тоа што срамот е голем.

– Денеска ова е доказ како се инструментализира и како се става под контрола судството заради едни забегани политики во Р.Македонија. Денеска не се оддржа рочиште заради тоа што главниот сведок, единствениот сведок, Никола Груевски одлучи да не се појави или Судот му беше кажано да не му достави покана. Но за да биде дополнително покриен наводно бил спречен еден од двајцата поротници да биде присутен иако законот определува и замена на поротници кога тоа е најавено ако некој од поротниците не може да дојде, рече Заев.

Во Македонија право и правда мора да има. Тоа мора да биде конечна цел на сите нас граѓаните коишто живееме во Р.Македонија. После 11-ти декември правната држава ќе се врати во Р.Македонија, рече лидерот на СДСМ.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

Обвинителката за сведочењата на родителите на судијата Ѓоко Ристов: Не се поткрепени со докази, емоциите се јасни!

А1он

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Судијата кој делеше правда на мечот Атлетико – Реал е пред суспензијата

А1он

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“

А1он

Груби не чувствува вина за случајот со злоупотребите во „Државна лотарија“

А1он