Бев во целиот свет, но само дома си е дома, најубаво е во Струмица, со овие зборови претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го започна своето обраќање во преполната сала во Струмица, на граѓанската трибина „На прав пат“.
-Секогаш од овде ја црпам енергијата, од мојот град, од моите сограѓани. Вие сите ми ја давате позитивната енергија. Памети Струмица како сакаа духот да ни го уништат за време на режимот, но секогаш наоѓавме начин да изнедриме нова сила, рече претседателот Заев во обраќањето.
Ова е патот кога целиот свет ни се поклонува, патот кој покажува дека сме пример за модерниот западен свет, тоа е правиот пат. Зарем мисли тој, Мицкоски кој овие денови нуди нула, ништо, заборавивме на 11-те години.
„Ако баклавата е изедена, тепсијата стои“, се е јасно само њега нема. Мицкоски па уште и арогантен и дрзок, власт да му даеш повторно ќе биде страв и трепет, рече Заев.
Продолжуваме да ги охрабриме сите , да продлжиме да бидеме примерот и за младите и за децата. Не му поминуваат лагите зошто се се знае. Еве да го повикаме да дојде и тука. Да дојде да се прошета во Струмица да го види предавникот Заев кој го продал Цар Самуил, овде е споменикот на Цар Самоил изграден од Заев, кој се откажал од Егејците да оди во Бежанскиот пат и да го види споменикот.
Понудив заедничка влада во април 2018 година само да не види заедно народот заедно, да ги решиме проблемите со Грција, со Бугарија, но немаа храброст. Немаа ни „п“ од политика, рече Заев.

