ВИДЕО: Заев со струмичани возеше велосипед

Од:

Прекрасниот неделен ден во Струмица беше искористен за велосипедско дефиле по улиците на градот, а во рамките на одбележувањето на светскиот ден на здравјето кое од 7 април, поради изборите и дождот, беше одложено за денеска.

Манифестацијата ја организираа учениците од здравствената насока од СОУ „Димитар Влахов“ со соработка со Здружението „Вепоз“, велосипедските друштва од Струмица и Младинскиот совет на Струмица.

Пред почетокот на дефилето  градоначалникот на Струмица Зоран Заев го измери својот притисок и шеќерот во крвта. Резултатите му беа одлични, по што тој заедно со останатите учесници во дефилето го почна возењето велосипед.

[nggallery id=171]

Покрај него, во дефилото учествуваа и пртеседателот на Советот, Марјан Даскаловски, членови на Советот, претставници на Младинскиот совет на Струмица, граѓани и професионални велосипедисти, меѓу кои и Дејан Ѕингарски државен првак.

Дефилето тргна од плоштадот „Гоце Делчев“ и по свртувањето круг низ струмичките улици, учесниците пристигнаа на целта од каде што тргнаа.

Градоначалникот Заев призна дека често не вози велосипед. Имено, тој е љубител на моторите, но го подржа дефилето и порача дека велосипедот треба почесто да се користи.

-Целта на овој настан е одбележувањето на денот на здравството. Граѓаните знаат дека седми април е светскиот ден на здравјето, но тој се падна минатата недела, кога беа изборите и денот беше дождлив. Со заеднички договор на сите го одбележавме денеска со дефиле низ улиците на Струмица. Јас сум среќен и задоволен, бидејќи покрај рекреативците и професионалните велосипедисти од нашата општина, тука се средношколците и учениците од „Димитар Влахов“ од здравствената насока, со што достоинствено го одбележавме овој значаен ден, рече Заев.


На новинарско прашање дали често вози велосипед тој рече дека за жал многу ретко го прави тоа, но ја користи секоја прилика што ќе му се укаже како  денешната.

Инаку, општина Струмица со обележувањето на велосипедски патеки во градот даде голем придонес во зголеменото користење на велосипедите, а Петар Божинов член на Советот на општината и претседател на Младинскиот совет денеска најави изградба на две велосипедски патеки до Банско и Чам Чифлик.

Би можело да ве интересира

Струмичанец и се заканувал на 39-годишната сопруга

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина 37-годишен струмичанец

Горан Наумовски

Расчистено убиство пред кафеана во Струмица: Осомничено 18 годишно момче

А1он

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС