(ВИДЕО) Заев: Сите ние независните граѓани сме новата сила на напредокот, секој е важен!

Од:

„Независна Република Македонија си ги бара независните граѓани и на утрешниот 8-ми септември и одговораме на нашата земја:

Тука сме, доаѓаме!

Имав 17 години кога на 8 септември 1991 година ја слушнав веста од Референдумот за суверена и независна Република Македонија. Немав години за да можам да гласам, но имав надежи што на тој 8-ми септември се претворија во ВЕРБА, дека во мојата родена земја можам да станам дипломиран економист, дека ќе имам можност ако многу работам и ако чесно напредувам, да станам корисен граѓанин за мојата држава, дека тука ќе го основам своето семејство и тука ќе ја градам својата иднина.

Знам што значи да се оствари својот сон, тогаш кога вербата ќе стане реалност.

Знам што значи и да се скрши сонот, оној момент кога некој ќе ги урниса соништата на твоите деца.

Знам и што значи да се роди нов сон, тогаш кога поважна од својата среќа ќе ти стане заедничката среќа.

25 години по тој 8-ми септември `91-ва, кога ја најдов вербата и визијата за себе, јас денес имам верба и визија за сите нас.

Ја најдов во нашите заеднички предизвици во сегашноста.

Ја најдов во нашите заеднички погледи кон иднината.

Секојдневно ја споделувам со вас. Внимателно ве слушам. Заедно создаваме вредности. Дали препознавате?

Чекор по чекор, но заедно се ослободуваме, сплотени еден до друг. Го кренавме гласот заедно. Заедно и ќе изградиме правна држава. Заедно и ќе создадеме правично општество на еднакви граѓани.

Секој од нас е двигател на промените.

Ние знаеме дека секој од нас заслужува пристојна работа, пристојна плата и достоинствен живот“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа