(ВИДЕО) Заев се вклучи во акцијата за повеќе зеленило на јавните површини

Од:

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, освен што ја поддржува, денеска и директно се вклучи во акцијата за повеќе зеленило на јавните површини. Заедно со членовите на еколошкото друштво „Планетум“, учениците од средното општинско училиште „Димитар Влахов“ и вработените во ЈПКД „Комуналец“ и одделението за заштита на животната средина при општина Струмица ја озеленуваа јавната површина пред градинката „Детска радост“. Оттаму, тој упати порака за помасовно вклучување во вакви акции и поголема заштита во средината во која живееме.

-Целта е што повеќе вакви јавни површини да бидат озеленети, остануваат уште две јавни површини, едната е пред ученичкиот дом „Димитар Влахов“, а другата пред централниот регистер. Целата на оваа акција е преку употреба на отпад и растенија се озеленат одредени јавни површини во градот Струмица, по што на сите ќе ни остане задачата тоа да го чуваме и негуваме заради тоа што претставува богатство и убавина на градот Струмица, но и да испратиме порака, пред се до младите генерации, да се вклучат колку што е можно повеќе во создавањето на зелените површини. Јас им се заблагодарувам на младите луѓе и секако на сите овие организации кои што се вклучени во ваквите активности, се со цел да го озелениме нашето секојдневие во животот и преку тоа да продонесеме кон поздрава и поквалитетна животна средина, рече градоначалникот Заев.

Овој проект го реализира ЕД „Планетум“ кој од 84 апликации се најде меѓу четирите кои добија финансиска помош од Енв-нет мрежата за герила градинарство и разубавување на јавните површини во Струмица.

-Европската Унија препознала некои вредности кои што треба да се случат во општина Струмица. Македонија аплицираше со 84 проекти, а на регионално ниво, Босна, Црна Гора, Македонија, Албанија, Турција, Србија и Италија имаше вкупно 138 и ниту еден од партнерите не кажа не, за овој проект.

Но, најбитен сегмент во целиот овој проект беше поддршката на општина Струмица и на градоначалникот, Зоран Заев, секако и на локалните јавни претпријатија, но најголемо задоволство е да се видат младите луѓе како ја создаваат својата зелена иднина, рече Душко Христов од Енв.нет мрежата.

Овој проект ЕД „Планетум“ почна да го реализира од мај годинава и досега се одржани повеќе креативни работилници и три акции за разубавување на јавните површини во Струмица.

DSC_0065

DSC_0055

DSC_0047

DSC_0045

DSC_0040

DSC_0032

DSC_0030

DSC_0026

DSC_0021

DSC_0019

DSC_0015

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица