(ВИДЕО) Заев се сретна со Мицотакис: Грција останува наш силен лобист на патот кон ЕУ

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска имаше работна средба со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, која двајцата соговорници ја оценија како значаен и дополнителен придонес за унапредување на односите меѓу двете земји.

На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, заменик-претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров, и министерот за надворешни работи Бујар Османи, беше истакнато дека со Договорот од Преспа, Република Северна Македонија и Грција создадоа модел за успешно решавање на отворените прашања меѓу соседите.

Премиерот Заев на средбата со Мицотакис нагласи дека со воспоставеното партнерство засновано на доверба и пријателство односите меѓу двете земји се трансформираа во сојузништво кое е потврдено и со членството на нашата земја во НАТО, и дека Грција останува силен лобист и поддржувач на нашата земја во претстојниот процес на преговори со Европската Унија која треба да започне со првата меѓувладина конференција за време на претседавањето на СР Германија со Советот на ЕУ.

Двајцата премиери на средбата разговараа и за идната соработка и спроведување на одредбите од Акциониот план од Договорот од Преспа, меѓу кои приоритет има континуитетот на работата на заедничките комитети на експерти за историските, образовните и археолошките прашања, како и работата на Комитетот за бизнис дијалог за изнаоѓање решенија за заштитените марки и брендови и за дополнително поттикнување на политиките што треба да ги олеснат бизнис релациите.

Во таа насока на средбата се разговараше за создавање услови за поголема економска соработка и за интензивирање на интерконекцијата за природен гас меѓу двете земји за што постои финален договор кој наскоро треба да биде потпишан.

Премиерите Заев и Мицотакис разговараа и за справувањето со пандемијата со КОВИД-19 и се согласија дека солидарностa и соработката на ЕУ со Западен Балкан во таа насока треба да продолжи и да се надгради со вклучување на регионот во политиките на ЕУ за економско закрепнување на земјите од Европа.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Сунак ненадејно ја откажа средбата со грчкиот премиер, се расправаат за скулптурата

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите