Премиерот Зоран Заев денеска ја прими втората доза на вакцината „Синофарм“ на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“, согласно националниот план за имунизација на населението.
Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Заев се чувствува одлично и ќе го продолжи работниот ден согласно неговата агенда.
-Премиерот Зоран Заев ги повикува сите граѓани кои досега не се регистрирале на порталот vakcinacija.mk тоа да го сторат што побргу, сé со цел да постигнеме колективен имунитет и да прогласиме победа врз пандемијата предизвикана од Ковид-19, стои во соопштението.